На вечерашната натпреварувачка вечер на 34. издание на „Фолк Фест Валандово“, Драган Мијалковски со песната „Илина“ ја освои првата награда.
Песната е комплетно дело на авторот Љупчо Трајковски – Фис.
Мијалковски по 20 години пауза прв пат годинава настапи на валандовскиот фестивал. Еден од неговите најголеми хитови отпеани токму на „Фолк Фести Валандово“ е хитот „Дојди ми лено на перниче бело“ од далечната 89-та година.