Модниот дизајнер со валандовско потекло Мите Занов кој ги потпишува креациите зад модниот бренд „ЗАНОВ“ излезе со нова летна колекција „Resort ’19“.
Како што вели Занов за новата колекција, таа е инспирирана од движењето и игривоста на ткаенините. Палетата на бои вклучува земјани тонови со нијанси на смела, неонска розова и виолетова боја. Како и многу текстури, плисирање, драпирање и набори.
Сите парчиња дел од „Resort ’19“ се дизајнирани со висококвалитетни и луксузни материјали, а колекцијата вклучува топс, здолништа, панталони и фустани.
Модел во фотосесијата за оваа колекција на „ЗАНОВ“ е валандовчанката Магдалена Ѓоргиевска.