На последниот интернационален натпревар за оваа година, 27-мата по ред Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2019), која од 9-ти до 14-ти септември се одржа во Атина, Грција, нашите ученици постигнаа нов голем успех, освојувајќи 1 сребрен и 2 бронзени медали.
Сребрениот медал за Македонија го освои Мартин Динев од с. Пирава, Валандово, додека двата бронзени медали ги освоија Андреј Величковски од Куманово и Благојче Павлески од Прилеп.
Четврти член на македонскиот тим беше Владимир Шарковски од Скопје, а со тимот раководеа м-р Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).