Ќе ги добие ли Валандово првите гинисови рекордери: „Распеани Валандовчани“ го потврдија учеството во обидот за „гинис“ во хорско пеење

„Распеани Валандовчани“ викендов престојуваат во Ќустендил, Бугарија, каде се одржува Меѓународниот фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“ на кој ќе се направи обид за поставување гинисов рекорд во хорско пеење на две македонски народни песни, „Ако умрам ил загинам“ и „Ој ти пиле славеј пиле“.

Од музичкиот ансамбл од Валандово, иако првично не беа планирани, го потврдија своето учество во обидот за поставување гинисов рекорд во хорско пеење со учество на повеќе од 800 хористи од Македонија, Бугарија и Србија.

Со ова Валандово е на прагот на историската можност да добие не само еден, туку 13 гинисови рекордери во само еден обид.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password