Викендов, во бугарскиот град Ќустендил, ќе се одржи Меѓународниот фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“ на кој ќе се направи обид за поставување гинисов рекорд во хорско пеење на две македонски народни песни, „Ако умрам ил загинам“ и „Ој ти пиле славеј пиле“
Доколку се уважи пријавата на ансамблот од Валандово и тие ќе земат учество во подвигот за гинисов рекорд на кој ќе учествуваат 60 хорови со околу 800 членови од Македонија, Бугарија и Србија.
Покрај тоа „распеаните валандовчани“ ќе се претстават и на натпреварувачкиот дел со песните „Малој моме цвеќе брало“, „Мома седи на чардак“ и „Тргнало ми лудо младо на солунски пазар“.