Ќе се чисти депонијата меѓу Балинци и Марвинци

ЈП „Комунален Сервис“ – Валандово наредните денови ќе изврши целосно чистење и затворање на дивата депонија помеѓу населените места Балинци и Марвинци.

Оваа дива депонија ја користат жителите на населените места од Бојмискиот регион за депонирање на секаков вид отпад со што претставува закана и за здравјето на населението како и за животната средина.

Градоначалникот Костадинов апелираше до сите граѓани да бидат свесни, одговорни и совесни, и да дадат придонес во заштитата на природата.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.