Денес околу 00.15 часот во СВР Велес бил лишен од слобода 28-годишен жител на с.Марвинци.
При редовна контрола од мобилна единица на Царинската управа кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје бил запрен додека управувал товарно моторно возило,,ивеко’’ со скопски регистарски ознаки, при што во возилото биле пронајдени 45 лица-мигранти од Пакистан.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.