На 1-ви ноември, петок, со почеток од 19 часот, во Кино салата при Домот на културата „25-ти Мај“, ќе се одржи меморијалниот концерт „Пееме за Леонид Манчев“ на една година од смртта на овој истакнат музички деец од Валандово.
На концертот ќе настапи ансамблот за народни песни „Распеани валандовчани“ кој е оформен и до неодамна раководен токму од Манчев.
Тој е роден во 1944-та година во Валандово. Бил наставник по музика во ЦОУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, наставник и директор во УЦСО „Гоце Делчев“ – Валандово. Потоа и директор на Домот на културата „25-ти Мај“ – Валандово во период од 19 години.
Леонид Манчев беше творец, организатор и директор на фестивалот на новосоздадени македонски песни Фолк Фест „Валандово“, во периодот од 1985. до 1999. година.