Утре завршува „Индијанското лето“ – Најавен дожд со драстичен пад на температурите

Според моменталните анализи кои ги направивме можеме да кажеме крај на сушното време.

Стабилно и топло време се очекува да потрае до утре, среда, а од четврток се очекува промена на времето.

Во четврток и петок во цела држава времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во југоисточниот дел се очекува да достигнат од 10 до 20л/м2, а ќе дува и слаб ветар од источен и југоисточен правец.

Што се однесува до дневните температури тие би биле во драстично опаѓање и би се движеле од +13° до +15° степени.

За време на викендот ќе се задржи променливо облачно време, со послаби повремени врнежи од дожд на одредени места. Температурите ќе бележат благ пораат и тие би се движеле од +17° до +20° степени.

Најтопло време и поголем пораст на температурите се очекува да има во југоисточните делови.

Прогнозата за Валандово.мк ја подготви Костадин Павлов од метео-порталот mkmeteo.mk

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.