Фејсбук статус на Гордана Кочева: Единствена причина зошто не сум тренер на ФК „Победа“ е што одбив да собирам членарина од децата на рака!

Ф.К. ПОБЕДА Валандово – Вистината на виделина.
Спортот меѓу сите доблести што ги нуди постои и една што се вика почитување на противник и џентламенски однос.

Како спортист и како спортски работник веќе долги години,со стекнато домашно и меѓународно искуство имам потреба да се обратам на јавноста за дезинформациите кои ги шири моменталната структура на клубот кои сите заедно имаат се на се 20 часа тренинг фудбал.

ЕДИНСТВЕНАТА ПРИЧИНА ЗОШТО ЈАС ЛИЧНО НЕ СУМ КАКО ТРЕНЕР ВО КЛУБОТ Е ТОА ШТО ОДБИВ ДА СОБИРАМ ЧЛАНАРИНА НА РАКА ОД ДЕЦАТА,КАКО ШТО БЕШЕ ТОА ПРАКСА ДОТОГАШ И НИВНИТЕ НЕИСПОЛНЕТИ ВЕТУВАЊА ЗА НАПРЕДОК НА КЛУБОТ.

Секаков друг муабет кои го пласираат е ЛАГА, за да имаат алиби зошто дипломиран тренер со УЕФА лиценца седи дома,а децата ги тренира продавач.

Најодговорно тврдам дека никогаш со никој од нив немам правено муабет за цифра и слични работи,а впрочем наместо да ширите муабети низ градот еве имаме локален медиум па ајде да ве видам очи во очи пред цела јавност со факти да разјасниме како стојат работите во клубот…!!!


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password