Највисокото општинско признание – наградата „6-ти Ноември” ја понесе Костадин Танчев – Динката

Годинешниот добитник на највисокото Општинско признание е основоположникот на македонскиот графички дизајн, валандовчанецот Костадин Танчев – Динка.

Костадин Танчев, родум од Валандово. Дипломирал на Белградската Академија за применета уметност во 1967-ма година. Од 84-та до 2006-та година, Костадин бил професор на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде предавал Графички дизајн.

По враќањето од Белград го основал студиото за дизајн при Културно-информативниот центар во Скопје, од каде и почнува да се шири неговата фино изострена естетика преку препознатливиот графички израз.

Како добитник на бројни награди и признанија, што домашни, но и меѓународни, несомнено е еден од култните неколкумина со валандовски корени.

Делата на Динка се во нашето секојдневно опкружување. Најверојатно несвесно, со дел од нив се среќаваме секојдневно.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password