Јордан Стојановски ученик во ООУ „Јосип Броз Тито” добитник на пофалница на националниот конкурс по повод Светскиот ден на штедењето

Агенцијата за супервизија на осигурувањето објави Кокурс за ученици во основните и средните училишта во државата по повод Светскиот ден на штедењето – 31. Октомври и Денот на осигурувањето 1. Ноември.

На Конкурсот за ученици од основното образование на тема „Осигурувањето и јас“ пристигнати биле вкупно 74 ученички трудови, од кои 39 литературни творби – песни и 35 ликовни творби – цртежи.

Ученикот во 9-то одделение при ООУ „Јосип Броз Тито” од Валандово, Јордан Стојановски, доби пофалница, во категоријата „Литературни творби – Песна”.

Јавното доделување на наградите се одржa викендов, во просториите на Министерството за финансии.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.