Нови осум автобуски постојки ќе бидат изградени низ селата во општина Валандово

Со новата Јавна набавка на Општина Валандово се предвидува изградба на нови осум автобуски постојки.

автобуските постојки ќе бидат изградени низ населените места во општината и тоа: Брајковци, Балинци, Марвинци, Дедели, Чалакли, Удово, во Јосифово и Јосифово – Горна маала.

Новите постојќи ќе бидат целосно изградени челична конструкција покриена со дебел слој плексиглас опремени со дрвена клупа со метална конструкција.

Изведувач на проектот ќе биде компанијата која ќе понуди најниска цена, а реализацијата треба да започне во првата половина на месец јануари, 2020-та година, со рок за завршување на работите од 2 месеца.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.