Општина Валандово објави оглас за вработување на неопределено време на 5 (пет) овластени службеници во областа на безбедноста во ТППЕ Валандово, и 1 (еден) извршител во Администрацијата на Општина Валандово и тоа за следните работни места: Ниво В4 – Пожарникар спасител, 4 од македонска и 1 од турска националност, како и работник на приемен пункт (пријавница).
Заинтересираните кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и активно да го користи македонскиот јазик.
Повеќе детали за огласот можете да прочитате на официјалната веб страница на Општина Валандово.