Ќе се одржи информативен ден за користење на нови методи во земјоделието

Валандово / 11:58

Информативен ден за користење на нови методи во земјоделието ќе се одржи во Валандово. Целта на овој настан, е подигање на свеста за зачувување на животната средина и намалување на прекумерното третирање на почвата, преку користење на современи агрометеоролошки станици кои во претходниот период беа инсталирани во општина Валандово.

Во општина Валандово има поставено три агрометеоролошки станици и истите имаат за цел да овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки и да се добиваат правовремени податоци за влажноста и температурата на воздух, правецот и брзината на ветерот, сончевата радијација, влажноста и температурата на почвата, влажноста на листот и прогнозата за болести, кои се неопходни за земјоделецот при управување со земјоделските култури.

Се повикуваат сите земјоделски производители и заинтересирани страни да присуствуваат на настанот и да се запознаат со новите европски практики при практикување замјоделство, кои овозможуваат дополнителна вредност за земјоделецот и поголема заштита на животната околина.

Проектот “Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина” се имплементира од ЦРЈПР во соработка со општина Валандово, со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Датум: 16.01.2020 (четврток)
Место: Дом на култура “25 Мај”- Валандово
Време: 12:00 часот


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password