Валандовчани беа запознаени со функционирањето и значењето на поставените агрометеоролошки станици

Валандово / 15:19

Во Домот на култура „25-ти Мај“ – Валандово се одржа информативен настан за користење на нови методи во земјоделието, преку користење на современи агрометеоролошки станици кои во претходниот период беа инсталирани во општина Валандово.

Во општина Валандово има поставено три агрометеоролошки станици и истите имаат за цел да овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки и да се добиваат правовремени податоци за влажноста и температурата на воздух, правецот и брзината на ветерот, сончевата радијација, влажноста и температурата на почвата, влажноста на листот и прогнозата за болести, кои се неопходни за земјоделецот при управување со земјоделските култури.

Присутните на настанот имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање и значењето на агрометеоролошките станици кои овозможуваат навремено третирање на земјоделскиот производ, дополнителна вредност за земјоделецот и поголема заштита на животната околина.

Проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ се имплементира од ЦРЈПР во соработка со општина Валандово, со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password