Реакција на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Валандово на прес-конференцијата на локалното СДСМ

Валандово / 16:17

Со реакција на прес-конференцијата на ОО на СДСМ – Валандово, за сработеното во патната инфраструктура во текот на двегодишниот мандат во општина Валандово илзезе претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Валандово, Дејан Бошков.

Бошков на својот Фејсбук профил напиша:

“Денес можеше да се види еден срамен прес од страна на општинската организација на СДСМ Валандово каде што тие сеуште зборуваат за тековни работи кои не се разликуваат од истите во времето кога со локалната самоуправа владееше ВМРО ДПМНЕ, односно сеуште зборуваат дека граделе патна инфраструктура.
Господа, ве молам вашата неспособност не ја прекривајте со основни работи кои под “дифолт” го следуваат секој граѓанин во 21ви век.
До каде се вашите ветувања за придвижување на локалната економија? Од тоа може да видиме само намален број на отворени правни субјекти и континуиран пад на вработувањата, посебно во конфекциската индустрија која е една од водечките во нашата општина.
Денес младите слатко ви се насмевнаа на вашето бламирање, и како што велат со секое ваше партиско вработување истиснувате 10 млади дипломирани академски граѓани од нашата општина со единствена мисла што подалеку од тука.
До каде мислите да одите? Сакате ли вие да бидете последните кои ќе одите по асфалтот кој го фалите?
ЏАБЕ СЕ УЛИЦИТЕ ВАШИ, КОГА НЕ ГИ ГАЗАТ ДЕЦАТА НАШИ!!!“


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password