ОО на СДСМ Валандово со прес-конференција за сработеното во патната инфраструктура во општината

Секретарот на ОО на СДСМ од Валандово денес излезе на прес-конференција на која го презентираше сработеното во патната инфраструктура во периодот од две години, колку што се на власт во општина Валандово.

„Како никогаш порано, во општина Валандово се инвестира во нови улици и во санација на постоечките. Ова се докажува со бројки, и овие се видливи работи со кои нема простор за манипулација. Десетици милиони денари се инвестирани во патната инфраструктура во општината и значително се подобрени состојбите.“ изјави секретарот Џилвиџиев.

Тој при крајот на своето излагање изрази уверување дека во наредниот период ќе се реализираат уште поголем број на проекти со кој ќе се решат старите проблеми и ќе се подобрат условите во патната инфраструктура во општината.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари