Собрани средствата за лекувањето на Анастасија. Родителите се заблагодарија на Фејсбук.

Валандово / 18:42

Средствата во висина од 100.000 евра потребни за лекување на малата Анастасија Ризова од Пирава се собрани, потврдија нејзините родители.

Средствата, собрани во релативно краток временски период, се дополнителна надеж за успешно лекување на малата Анастасија во клиниката во Турција.

Нејзините родители на Фејсбук им се заблагодарија на сите хумани луѓе кои донираа и им овозможија да се борат за животот на нивното дете.

Анастасија боледува од тешка форма на тумор, од што еднаш беше оперирана во Скопје. Собраните средства од хуманитарната акција ќе се искористат за нејзино лекување во клиника во Турција.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password