Министерот Димковски и градоначалникот Костадинов посетија два откупни пункта за зимска зелка во валандовско

Mинистерот Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов и директорот на Платежна агенција Николче Бабовски посетија два откупни пункта во валандовско: Бадник Компани ДООЕЛ во с. Балинци и Марјан –Ринго ДООЕЛ во с. Брајковци.

На овие пунктови тече откупот на зимската зелка, земјоделски производ кој е карактеристичен за овој регион бидејќи климатските услови се поволни и овде зелката најубаво успева.

Во валандовското поле со зелка е засеана површина од околу 150 хектари и има просечен принос од 35 тони по хектар.

Министерот во директна комуникација со земјоделците се информираше за текот на откупот на зимската зелка и им порача дека откупот ќе продолжи непречено да се одвива, а министерството ќе продолжи да креира развојни мерки и политики, кои секогаш се во интерс на земјоделците.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.