Повторно со работа започна ХЕС во ЈЗУ Здравствен дом – Валандово

Од денес во ЈЗУ Здравствен Дом – Валандово започнува со работа Хигиенско епидемиолошката служба (ХЕС).

Службата која по подолг период повторно се става во функција на граѓаните од општина Валандово ќе им нуди дијагностички услуги, од типот земање брис од грло и нос, уво, око и од јазик за HPV тест, испитување на уринокултура, копрокултура, паразити, како и тестирање за Бруцелоза, Хепатит Б и Ц, ХИВ, цервикс, Кламидија, Микроплазма и Уреаплазма, Спутум, H.B Pulori и вагинален флор.

Примероците земани од ХЕС во Валандово со организиран превоз и на соодветен начин ќе бидат транспортирани за испитување во Центарот за јавно здравје во Струмица.

„Оваа новина за граѓаните е бенефит заради тоа што нема повеќе да патуваат за да ги добијат посочените здравствени услуги, што значи нема да се изложуваат на дополнителни трошоци и непријатности” рече директорот на ЈЗУ Здравствен дом Валандово, Марков.

Директорот не сакаше да шпекулира за причините поради кои службата досега не работела, но, ни посочи дека рестартирањето на истата барало голем напор од менаџментот на установата.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.