Општина Валандово, од денес започнува постапка за уредување на улица „Моша Пијаде” и централното градско подрачје.
Уредувањето во себе ќе опфаќа реконструкција и реставрација на фасадите на објектите, целосно партерно преуредување и проширување на плоштадот, решавање на проблемот со паркирањето, ново осветлување, хортикултурно уредување и нови зелени површини.
Истовремено, во наредните денови започнуваат градежните активности за уредување на просторот околу зградата спроти бензинската пумпа, и со реконструкција на постоечките тротоарски површини и индивидуални влезови покрај булеварот „Првомајска”.