Жестока реакција на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Валандово по најавите за реконструкција на плоштадот

По објавата дека Општина Валандово почнува со менување на ликот на градското централно подрачје, со остра реакција на својот Фејсбук профил излезе претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Валандово, Дејан Бошков.

Бошков повика на транспарентно носење на одлуките кои на крај ќе го дефинираат изгледот на централното градско подрачје со цел што поголем број од граѓаните да се запознаат со идниот изглед на јадторо на градот.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме реакцијата на претседателот на валандовското опозициско крило.

ЗА СИТЕ ДЕЦА ШТО ПОТЕКНУВААТ ОД ВАЛАНДОВО!!!
Денеска видовме дека после повеќе од 2 години мандат на градоначалникот дојде ред за уредување и на централното градско подрачје. Општина Валандово излезе со едно идејно решение кое треба да започне да се реализира. КОЈ СТЕ ВИЕ ДА ПРЕСЕЧЕТЕ КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ????? Па нели вие ќе бевте транспарентни во донесувањето на одлуките?
Низ чаршијата мислењата се поделени, дали е тоа убаво или не. За едни е убаво бидејки нешто ќе се гради, а за други пак ова решение од повеке аспекти не е прикладно за соодветното место. Епа еве да разјасниме некои работи. Ова решение наводно е донесено од група млади архитекти кои потекнуваат од Валандово, но некои од нив се децидни дека биле прашани само колку да им мине редот а се потоа било по желба на градоначалникот.
За еден таков концепт најпрво треба да се креира големата слика, односно мора жителите нa градот да знаат како ќе изгледа срцето на градот без разлика дали тоа ќе се реализира наеднаш или во повеќе фази. Едно време бевте гушкачи на дрва и големи грижници за животната средина а денеска видовме проект во кој треба да се сечат добропознатите валандовски липи, а од друга страна се брише и зелениот парк пред „струмичката“ зграда. Исто така за реставрирање на фасадите на зградите одите во тотално погрешен правец или одите директно на предизборна кампања бидејќи козметичкото шминкање е далеку по лошо решение од правење на термофасади кои ќе значат помалку трошоци на граѓаните за енергија (греење зимно време и ладење летно време) и заштита на живоотната средина преку помала емисија на штетни гасови од оџаците за огрев.
Се наметнува прашањето како ова парцијално решение на овој дел од центарот ќе се вклопи во иднина со трите останати правци (од урбанистички но пред се од ообраќајен аспект и како ќе е вклопи со генералниот урбанистики план кој е во постапка на донеување).
СИТЕ ДЕЦА КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД ВАЛАНДОВО бараат оваа постапка да се запре и да се спроведе повторно на отворен оглас за идејно решение за целото централно градско подрачје каде што ќе се спроведе и анкета од која ќе се слушне мислењето на граѓаните.
Доколку не го направите истото ќе се судрите со граѓаните и ќе не мотивирате да направиме граѓански отпор кој ќе си го брани Валандово.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.