Костадинов возврати на реакцијата: „Другари, вие рудник отворивте во Валандово без да ги прашате граѓаните”

Не стивнува преписката помеѓу градоначалникот Перо Костадинов и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Валандово.

По жестоката реакција на Бошков од ВМРО-ДПМНЕ, на најавите за менување на ликот на централното градско подрачје во Валандово на нетранспарентен начин, без да се побара мислење од граѓаните, градоначалникот Костадинов напиша:

„Другари, вие рудник отворивте во Валандово без да ги прашате граѓаните. А за тоа, како ќе изгледа централното градско подрачје одлучува и ќе одлучува, младата и стручна фела на архитекти од Валандово, како што и личи. И секој еден граѓанин! Така да, без патетика. Валандово ќе биде најубаво.”

Општина Валандово, од денес започнува постапка за уредување на улица „Моша Пијаде” и централното градско подрачје. 

Уредувањето во себе ќе опфаќа реконструкција и реставрација на фасадите на објектите, целосно партерно преуредување и проширување на плоштадот, решавање на проблемот со паркирањето, ново осветлување, хортикултурно уредување и нови зелени површини.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.