По 12 години вратени му се надлежностите на Судот во Гевгелија за кои мораше да се патува во Велес

На Основниот суд Гевгелија му се вратени надлежностите, односно овој Суд од 1-ви јануари 2020-та година повторно извршува надлежностите на Основни судови со проширена надлежност.

На 88 Седница Собранието на Република Македонија го донесе Дополнетиот Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, според кој во Член 8 е извршено следното дополнување: „Основните судови во Гевгелија, Кавадарци и Кичево ќе ги вршат надлежностите на основни судови со проширена надлежност од 1 јануари 2020 година.“

Судот на општина Гевгелија е надлежен во повеќе области и тоа: во граѓански спорови во кои имотно-правното побарување е над 50.000 евра, во казнената област и тоа како во кривичната, така и во прекршочната постапка. Во кривичната постапка, Судот со Јавното обвинителство е надлежно и за кривични дела за кои е запретена казна над 10 години. Во прекршочните постапки нема поголеми промени, но во нив може да се применуваат алтернативни мерки. Оваа институција е надлежна и за стопански спорови меѓу две правни лица што досега не беше случај.

Според градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, враќањето на надлежностите на Основниот суд во Гевгелија е за поздравување бидејќи значително ќе придонесе за олеснување на судските постапки, пред сѐ за граѓаните и правните лица од четирите опшитини: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран кои изминативе години мораа да се јавуваат на Суд во Велес.

Враќањето на општите надлежности на Основниот суд во Гевгелија е вистински чекор што го направи Републичкото собрание за потребите на граѓаните на општина Гевгелија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.