Деновиве Македонија ја тресе скандалот со „Јавна соба“ која била креирана на апликацијата за комуникација „Телеграм“, а користена за споделување на компромитирачка порнографска содржина и илегални дејствија како промоција на детска порнографија.
Полицијата веќе им влезе во трага на креаторите на групата и целиот скандал полека добива разврска.
Но, како што објави „Слободен печат“ ни валандовчани не останале поштедени на групата, па така нивните новинари наишле на фотографии и броеви под кои пишувало „Јавете ѝ се, од Валандово е. Цената ѝ е 3.500 денари.“
Откако новинарите го побарале бројот добиле инфомација дека се работи за лажен број, а истиот е во сопственост на постара жена.
Групата, сега со променото име, сѐ уште не е избришана и корисниците на „Телеграм“ можат да пристапат слободно до споделените порнографски содржини.