Министерот за здравство во посета на Здравствен дом – Валандово

Денес, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, придружувани од директорот на Здравствен дом – Валандово, Роберт Марков, го посетија Здравствен дом – Валандово.

Целта на посетата, беше министерот да се запознае со состојбите и потребите на Здравствениот дом – Валандово.

Како што известуваат од Општината, во изминатиот период, се инвестираше во докфалификација на здравствените работници, во набавка на современа медицинска опрема, како и во ангажирање на стручен и технички персонал, но се нагласи потребата од дополнителни инвестирања во човечки и технолошки капитал со цел создавање на ефикасен и функционален здравствен дом, кој може да одговори адекватно на потребите на граѓаните од општина Валандово.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари