Утре, 6-ти мај, за верниците од православна вероисповед „Св. Ѓорѓија” или „Ѓурѓовден“ според известувањето на црквата во манастирот „Св.вмч. Ѓорѓи” ќе се одржи манастирска слава.
Бидејќи државата е сѐ уште во вонредна состојба, локалните власти повикаа на почитување на мерките за социјално растојание и групирање, како и носење на заштитни маски, а најавија и зголемено присуство на полицијата.
Тие се надеваат дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките и нема да дојде до ескалација на состојбата.
Манастирската слава ќе се одржи со следниот распоред:
06.05.2020(Среда)Божествена литургија со почеток во 07 часот, по службата мал водосвет
06.05.2020 (Среда) Благословување и делење на славскиот ручек со почеток од 16 часот.