Во денешното онлајн обраќање, министерот Филипче потврди дека е регистриран првиот случај на коронавирус во Валандово.
Директорот на ЈЗУ „Здравствен дом” Валандово, Марков Роберт, изјави дека лицето кое е позитивно на COVID -19 и според најновата статистика е евидентирано од Валандово, симптомите ги има добиено додека бил сместен во државен карантин.
Моментално лицето е на лекување на инфективно оделение во Општа Болница Битола.
„Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови:
- “Скопје -11
- Куманово -2
- Прилеп -9
- Тетово -2
- Велес – 3
- Валандово -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.“