По обилните дождови и влажниот период кој го зафати град Валандово падна дрво на улицата „Вељко Влаховиќ“, под маркетот „Кам” во Валандово.
Улицата во моментов е непроодна и се чека на екипи од ТППЕ од Валандово за остранување на истото.
При падот нема повредени лица и не е направена голема материјална штета. Сепак дел од возилата паркирани на паркингот претрпеле одредени оштетувања.


