Откажани и „Рок Фест Цале” и „Јосифово Самр Фест”

Поради пандемијата со „Ковид-19” управните одбори на двете манифестации донесоа одлуки за откажување на настаните.

Одлуките се во колерација со препораките за заштита и превенција од ширење на заразата со новиот коронавирус.

Од организацискиот одбор на „Рок Фест Цале” информираат дека публиката сепак ќе може да ужива во рок музиката, но со онлајн концер во живо на нивната Фејсбук страница.

Покрај „Јосифово Самр Фест”, откажани се и сите активности во рамки на „Јосифовско лето”, како турнирот во мал фудбал кој годинава требаше да се одржи по 30-ти јубилеен пат, но и сите пропратни културни настани.

Организаторите најавија дека настаните ќе продолжат да се организираат веќе од следната година.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.