Денес во Валандово, на базенот „Егзит“ се одржуваат Регионалните спортски игри во организација на Независниот полициски синдикат.
Право на учество имаат членовите од Синдикалните Организации на СВР Струмица, СВР Велес и РЦ Југ.
Учесниците на игрите ги одмеруваа своите вештини во повеќе спортски дисциплини како пикадо, влечење со јаже, пливање, одбојка во вода и дгури.
Спортските игри како што велат од Синдикатот се одвиваа според сите пропишани заштитни протоколи од СЗО, а се во духот на фер играта, пријателството и дружбата помеѓу колегите.




