Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда денес беше во посета на Валандово

Денес, во работна посета на Општина Валандово беше Амбасадорката на Јапонија H.E. Кеико Ханеда.

На средбата која ја оствари со Градоначалникот Перо Костадинов беше разговарано за можностите за соработка, културолошките посебности, успешно реализираните проекти во претходниот период, како и за идните цели и подготвеноста за соработка во иднина.

Минатата година, со јапонски средства е набавен ровокопач, за потребите на ЈП “Комунален сервис” – Валандово, а во претходниот период извршена е набавка на санитетско возило Тојота, ЕКГ апарат, ЕХО апарат, РТГ апарат и друг вид на медицинска опрема за потребите на “Здравствен дом” – Валандово.

„Поддршката од Јапонија е огромна и несебична. Пријателството меѓу двата народа секојдневно зајакнува и прогресира.” изјави Градоначалникот по средбата.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.