Проследете ја последната онлајн сесија на „Балканскиот регионален форум”

Мрежата на млади активисти Young Friends of the Earth Macedonia, како дел од Европската мрежа Young Friends of the Earth Europe, организира виртуелна серија на настани под името Балкански Регионален Форум, заедно со SmartUp – Social Innovation Lab и SEENET мрежата.  Целта на овие настани е развивање нацрт план за Зелено и Праведно Закрепнување од коронавирус пандемијата и проширување на почетните контури за Балкански Зелен Договор. 

Досега одржани се 2 сесии од Балканскиот Регионален Форум на кои се започати бројни дискусии. Последната, која организаторите ја дефинираа и како клучна сесија за финализирање на контурите на „Балканскиот зелен Договор” и „Балканскиот План за зелено и праведно закрепнување” ќе се одржи в четврток, 3-ти септември, од 12.00 до 14.00 часот на платформата „Zoom”.

За учество на настаните потребно е да се пополни кратка регистрациска форма https://forms.gle/wjLhuRo8TaaXvXPv5, најдоцна до 2-ри септември.

“Во времиња како сегашната ковид-19 криза, потсетени сме на потребата за поврзување и соработка помеѓу заедниците, генерациите, институциите, земјите и секторите. Секој чекор преземен према решавање на кризата е темел кон градење на решенија и отпор за сите веќе-постоечки кризи како климатската криза, социјалните и економските нееднаквости. Потребни ни се координирани колективни акции насочени кон социјално праведна и еколошка иднина, за иднината во која сакаме да живееме. 

Време е за колективна акција за создавање на подобар свет после Ковид-19 кризата. Потребни ни се Балкански Зелен Договор и План за Зелено и Праведно Закрепнување кои ќе ги стават луѓето и планетата на прво место. За да ја создадеме оваа визија за подобар свет, потребно ни е учество од сите; организации за човекови права, групи за правата на ЛГБТКИА+ заедницата, еколошки групи и заедници, групи за заштита на правата на мигрантите, фармери и рудари, синдикати, научници, уметници, здравствени работници, едукатори и млади. ” се вели во соопштението испратено до медиумите.

Повеќе за форумот можете да прочитате на Фејсбук настанот и на The Climate Herald.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.