Овогодинешното издание на „Фолк Фест Валандово“ 2020, поради пандемијата со „Ковид-19” нема да се одржи.
Фестивалот за новокомпонирана македонска народна музика, претходно, поради истата причина беше одложен за на есен, за да сега се донесе конечна одлука за откажување на годинешното издание.
Ова е втор пат во историјата на најзначајниот домашен фестивал за народни песни да се откаже неговото одржување. Претходно, во 2016-та година, поради забраната од ЗАМП која беше упатена до медиумите за емитување на музика од македонски автори, нивни членови, фестивалот не се одржа.