Новиот заразен со Ковид-19 е советникот Ерсан Фетиков

Советникот при Советот на Општина Валандово, Ерсан Фетиков, од Калково, од редовите на СДСМ е новиот заболен од Ковид-19.

Тој работи и живее во Скопје каде што бил и заразен и каде ќе ги помине деновите на изолација.

Ерсан на својот профил на Фејсбук објави дека се чувствува добро и повика сите да ги почитуваат мерките за заштита.

Советникот не присуствувал на последната седница и немал контакт со другите советници и Градоначалникот, Перо Костадинов.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.