Со донација од Калково во Бангладеш ископан бунар за вода

Со финансиска донација од мештаните на валандовско Калково во Бангладеш беше ископан бунар за вода.

Бунарот го носи името на донаторот односно „Калково Коју”, што во превод значи село Калково.

„Во Бангладеш луѓето немаат чиста вода, нашата скромна донација за нив има многу голема значење. Со мали работи може да се направат многу добри дела во име на човештвото. Гордост е да си жител на с. Калково.” изјави советникот Фетиков кој е по потекло од Калково.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.