Ќе се реконструираат четири улици во Валандово

Започнува постапката за реконструкција на улиците „Борис Кидрич”, „Едвард Кардељ”, „Васил Главинов” и „Вељко Влаховиќ” во градот Валандово.

Реконструкцијата на четирите градски улици, ќе опфаќа замена на неколку децениската стара со нова водоводна мрежа, асфалтирање на улиците и бетонирање на оштетените делови од тротоарските површини.

„Се решаваат проблемите со честите дефекти при водоснабдувањето и се обезбедува квалитетна и безбедна инфраструктура, за граѓаните кои живеат во тој дел од градот” напиша Градоначалникот Костадинов на својот Фејсбук профил.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.