Според податоците на Министерството за здравство во изминатото деноноќие во Валандово се регистрирани 4 нови случаи на Ковид-19, со што бројката на активни случаи во општината, објавена од ЦЈЗ, се искачи на највисоки 11.
Од почетокот на пандемијата до денес на територијата на нашата општина регистрирани се 20 случаи на инфицирани со новиот коронавирус, од кои 9 се веќе оздравени, а досега не е забележан смртен случај.
Здравствените власти упатија предупредување дека состојбата со заразата се влошува и апелираа да се почитуваат мерките за заштита, како што е носење на заштитна маска.