Поради влошената епидемиолошка слика во општината, вечерва беше одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:
Целосна институционална вклученост на сите чинители во борбата против Ковид 19;
Зачестени контроли на МВР и пазарниот инспекторат низ општината;
Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции;
Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата и останатите институции во општината;
ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да вршат редовна и секојдневна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината.