Денес регистрирани уште три нови случаи на Ковид-19 во Валандово

Од извештајот кој секојдневно го објавува Министерството за здравство, во последните 24 часа, на територијата на општина Валандово регистрирани се уште три нови случаи на пациенти со Ковид-19.

Заклучно денес, статистиката на Центарот за јавно здравје брои 15 активни случаи на заразени со новиот Сарс-Ков-2.

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава направени се 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи.

Починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.