Алармантната состојба со пандемијата со Ковид-19 во општина Валандово по само неколку дена повторно ги собра членовите на Општинскиот кризен штаб.
По надминување на бројката од 50 заразени и 30 активни случаи, денес Кризниот штаб донесе нов сет на мерки со кои треба да се превенира понатамошното зголемување на бројката со новозаразени.
Покрај заклучоците од минатата седница кои беа потврдени и на оваа, денес беше донесен и заклучок да се направи обид за мапирање на потенцијални кластери по кои се шири заразата во општината.
Во продолжение се сите заклочоци од седницата:
- Максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Covid – 19 и дословно спроведување на пропишаните протоколи и мерки од страна на надлежните институции;
- Мапирање на потенцијални кластери за ширење на коронавирусот во општина Валандово;
- Зачестени контроли на МВР и надлежните инспекторати низ општината;
- Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции и крајно одговорен пристап со цел заштита на сопственото и здравјето на останатите;
- Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата, приватните претпријатија и јавните институции;
- ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да продолжат со редовна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината;