Алармантната состојбата со пандемијата во Валандово беше тема на денешната седница на Општинскиот кризен штаб

Алармантната состојба со пандемијата со Ковид-19 во општина Валандово по само неколку дена повторно ги собра членовите на Општинскиот кризен штаб.

По надминување на бројката од 50 заразени и 30 активни случаи, денес Кризниот штаб донесе нов сет на мерки со кои треба да се превенира понатамошното зголемување на бројката со новозаразени.

Покрај заклучоците од минатата седница кои беа потврдени и на оваа, денес беше донесен и заклучок да се направи обид за мапирање на потенцијални кластери по кои се шири заразата во општината.

Во продолжение се сите заклочоци од седницата:

  • Максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Covid – 19 и дословно спроведување на пропишаните протоколи и мерки од страна на надлежните институции;
  • Мапирање на потенцијални кластери за ширење на коронавирусот во општина Валандово;
  • Зачестени контроли на МВР и надлежните инспекторати низ општината;
  • Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции и крајно одговорен пристап со цел заштита на сопственото и здравјето на останатите;
  • Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата, приватните претпријатија и јавните институции;
  • ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да продолжат со редовна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината;

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.