Три години од работењето на градоначалникот Костадинов – Се пофали со рекордни капитални инвестиции

Поминаа три години од работењето на актуелната локална власт на чело со градоначалникот Перо Костадинов.

Тој денес се пофали дека во периодот на неговото владеење драстично се зголемени капиталните инвестиции во општина Валандово, а во 2019 изнесувале повеќе од 77 милиони денари.

„Правилното насочување на јавните средства, користењето на надворешни фондови за инвестирање и одговорното располагање со парите на граѓаните допринесоа до значително зголемување во делот на капитални инвестиции во општината.“ изјави градоначалникот.

Во текот на последните 365 дена од владеењето на актурлната гарнитура реализирани се околу 17 значајни проекти од повеќе области од секојдневното живеење на граѓаните на општината и тоа:

– Поставување на типска урбана опрема – летниковци во населените места во Општина Валандово
– Оградување на полигон за обука на возачи
– Уредување на плоштад во Валандово
– Изградба на парк во населено место Пирава
– Изградба на нов урбан простор во населено место Пирава
– Поставување на автобуски постројки низ населените места во Општина Валандово
– Санација на фасади на објекти за колективно домување во Валандово
– Уредување на простор околу стамбена зграда (над бензинска пумпа)
– Набавка на пластични контејнери со капак со зафатнина од 1,1 м3 за потребите на Општина Валандово
– Поставување на сливници и канали за атмосферски води во населените места Јосифово, Удово и Валандово
– Уредување на тротоари на Булевар „Првомајска“ во Валандово
– Реконструкција на полски пат во населено место Бајрамбос, Општина Валандово, во должина од 700 метри
– Реконструкција на кров на културен дом во населено место Собри
– Изградба на дел од пат во населено место Удово до црква „Св. Атанасиј“
– Изградба на пат за поврзување на Регионален пат Р-1105 со населено место Горна Маала
– Сообраќајно поврзување на Индустриска зона Раброво со регионален пат Р-1105
– Набавка на компјутерска опрема и опрема за училишен медиум.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.