Левица ја обвини Ѓавочанова за злоупотреба на патните трошоци – Пратеничката на СДСМ за Валандово, Богданци и Дојран им одговори

Левица од Богданци на својот Фејсбук профил објави пост во кој се тврди дека пратеничката од редовите на СДСМ од Богданци, Драгица Ѓавочанова, која традиционално во Парламентот ги застапува и интересите на трите општини Валандово, Богданци и Дојран, е во Топ5 листата на пратеници кои наплатиле најголеми суми за патен трошок.

Ѓавочанова според Левица потрошила нешто повеќе од 3000 евра за 5 месеци, што според партијата е многу имајќи в предвид дека Парламентот не работи.

„Прашање е дали пратеничката патуваше со авионски, или бродски превоз, ако не, бараме јавно да ни обзнани каде и како потроши 185.607,00 денари за одење на работа покрај својата пратеничка плата!“ се вели во објавата на Левица.

Пратеничката на својот Фејсбук профил одговори на прозивката и им порача на членовите на Левица да го прочитаат Законот за пратениците.

„Ви има ли кажано вашиот лидер дека седниците некогаш завршуваат и на полноќ, а богами и подоцна? Како би знаел, кога не е таму! Ви има ли кажано вашиот лидер дека заради неговите „интересни“ амандамани Собранието не може да работи онлајн во време на пандемија? Во иднина, пред да си играте „весела“ математика и да претпоставувате кој колку ќарил досега, да ве упатам (зошто очигледно е дека лидерот не ви објаснил) да го прочитате член 31 став 1 алинеја 7 и став 2 од Законот за пратениците.“ напиша Ѓавочанова во одговорот на прозивките.

Во коментарите под нејзиното излагање пратеничката додава и дека доколку од партијата Левица продолжат со клевети и навреди ќе поднесе тужба за што веќе собира материјал.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.