Првонаградениот труд на ученичката Елена Гребенакова објавен во угледно научно списание

Под менторство на проф. м-р Стојан Манолев, трудот со кој ученичката при СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, Елена Гребенакова, настапи на натпреварот „Уреди во кабинетот по физика“ е објавен во списанието „Natural Science and Advanced Technology Education“.

Ова, според професорот Манолев, е уште една успешна презентација на валандовската гимназија на интернационално ниво, која заврши со потврден успех.

Насловот на трудот кој е објавен во списанието е „Демонстрација на придушени елекетрични осцилации“ – експериментална изведба, компјутеризиран експеримент по физика. Со овој труд ученичката Гребенакова се претстави на натпреварот „Уреди во кабинетот по физика“ во организација на Софискиот клон на физичари од Друштвото на физичари на Бугарија.

Натпреварот, одржан преку „Скајп”, беше реализиран од импровизирана лабоарторија во Раброво, местото на живеење на проф. м-р Манолев. На натпреварот Елена го освои првото место во категоријата компјутеризиран експеримент во наставата по физика, на средношколско ниво.

Гребенакова е четврта година гимназија, природно-математичко подрачје, во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово. Под менторство на професорот Стојан Манолев има учествувано на повеќе натпревари во полето на физиката, од експериментален карактер.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.