Општина Валандово со осмомартовска донација од 30.000 денари за невладината ,,Борка”

По повод Меѓународниот ден на жената – “8 Март”, Општина Валандово издвои симболична сума од триесет илјади денари за здружението за борба бротив рак Борка – за секој нов ден во знак на поддршка за нивните храбри и континуирани активности.

Здружението “БОРКА – за секој нов ден” е невладина, непрофитна организација, основана за поддршка на граѓаните, пациентите, нивните семејства и здравствените организации во борбата против сите видови на рак. #БОРКА има особена заслуга за еманципацијата и поддршката на жените во нивната борба со ракот на дојка. Здружението соработува со сите вклучени релевантни фактори во општеството и во својата работа здружението се фокусира кон поддршка на пациентите заболени од рак и организирање различни активности за подигање на свеста во заедницата за оваа болест.

Рамноправна и емпатична заедница е наш предизвик. Неопходно е жените да имаат право на највисоките достапни стандарди на физичко и на ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба. Сите заедно, треба да работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење. Да се ослободиме од оковите на минатото и да изградиме заедница која се грижи за секого, на ист начин.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.