За само седум дена три лица починаа како последица од компликации од коронаворусот во општина Валандово, од кои најмладиот на само 38 години.
Ова со сигурност е најцрната недела статистички од почетокот на пандемијата до сега.
Во истиот период регистрирани се 34 новозаразени, што претставува 7% од вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата.
Во изминатото деноноќие покрај смртниот случај регистрирани се и 6 оздравени пациенти. Бројката на активни случаи во општината сега изнесува 82.