Од утре, понеделник, 10-ти мај, со почеток од 8 до 13 часот, продолжува вакцинацијата на пунктот во „Здравствен Дом“ – Валандово, на лица постари од 65 години.
За таа цел обезбедени се дополнителни 300 дози од вакцината на Синофарм. Со овие 300 дози и претходните добиени 400, ЈЗУ Здравствен Дом-Валандово вкупно има обезбедено 700 дози на вакцини против Ковид-19.
Се што е потребно за вакцинација е да понесете здравствена книшка и документ за идентификација.