Општина Кавадарци во соработка со Министерството за здравство и Кавадаречката болница го подготвува пунктот за масовна вакцинација на граѓаните од овој дел на државата, кој ќе биде лоциран во спортската сала „Јасмин“ – информираше денеска градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев.
Тој нагласи дека овде ќе се вакцинираат граѓаните од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Велес, Градско, Росоман, Валандово, Дојран.
„Во спортската сала ќе бидат поставени 20 пункта за вакцинирање, се подготвува целосна инфраструктура со компјутери, мрежа и се што е потребно за спроведување на овој процес. Очекуваме вакцините да пристигнат во понеделник и веќе од вторник да започне масовна вакцинација“ рече Јанчев.
КТВ